Македонија

„Ниту една повеќе!“ – Скопје на нозе по убиството на 17-годишната Билјана, граѓаните бараат одговорност

„Ниту една повеќе!“ – Скопје на нозе по убиството на 17-годишната Билјана, граѓаните бараат одговорност

Во центарот на Скопје започна протестниот марш против фемицидите, организиран по трагичното убиство на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци. Под мотото „Ниту една повеќе!“, граѓаните излегоа на улиците со барање за правда, институционална одговорност и итни мерки за спречување на насилството врз жените.

Со транспаренти и пораки „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ и „Истата полиција, истите институции, истите пропусти“, демонстрантите предупредуваат дека трагедијата можела да биде спречена.

Тие потсетуваат дека Билјана претходно пријавувала насилство и дека била изречена судска мерка за заштита, но тоа не било доволно за да се спречи нејзиното убиство.

Протестниот марш се движи низ централното градско подрачје, покрај Собранието и министерствата, а учесниците бараат санкционирање на евентуалните институционални пропусти, законски измени и конкретни чекори за заштита на жртвите.

Главната порака од протестот е дека насилството врз жените мора да се спречува навреме, а институциите да преземат одговорност пред да биде изгубен уште еден човечки живот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни