Балкан

Бројот на загинати во Бугарија се искачи на 10

Бројот на загинати во Бугарија се искачи на 10

Повеќе од 10 лица загинале во двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“, во близина на Јамбол, соопшти за Бугарската телеграфска агенција (БТА) обласниот управител Георги Чалаков.

Во обласната болница во Јамбол се хоспитализирани 11 повредени, повеќето во тешка состојба, изјави за БТА заменик-директорот на установата, д-р Валентин Валчев.

Според него, седуммина од повредените имаат повеќекратни повреди, а тројца имаат скршеници на екстремитетите. Проценката на состојбата на останатите сè уште е во тек.

Во меѓувреме, воен транспортен авион „Спартан“ полетал кон Бургас и е во подготвеност да помогне во транспортот на повредените, потврдиле за БТА од прес-центарот на бугарското Министерство за одбрана.

Според претходните информации на NOVA, во судирите учествувале над 50 патнички и товарни возила, меѓу кои и цистерни. Несреќите се случиле меѓу клучките „Зимница“ и „Кабиле“, во услови на густа магла и значително намалена видливост.

Автопатот е затворен во двата правца, а сообраќајот се пренасочува по обиколни патишта.

Поврзана објаваЕден загинат и повеќе повредени во верижни судири со над 50 возила во Бугарија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни