Македонија

Пратениците ќе расправаат за администрацијата во „АЛТА банка“ и институционалната одговорност

Пратениците ќе расправаат за администрацијата во „АЛТА банка“ и институционалната одговорност

Причините за воведувањето администрација во „АЛТА банка“ АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност ќе бидат тема на надзорна расправа во Собранието, закажана за утре, 11 ноември.

Расправата ќе се одржи во рамките на 85. седница на Комисијата за финансирање и буџет, со почеток во 11 часот, во салата „Борис Трајковски“.

Од Комисијата ги покануваат овластените претставници на Владата и на органите на државната управа, како и други лица кои ќе дадат информации за прашањето што е предмет на надзорната расправа.

Во соопштението не се наведени имињата на поканетите лица ниту е прецизирано кои претставници го потврдиле присуството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни