Македонија

Четири деца упатени во воспитен дом за насилството врз малолетничка во Ѓорче Петров

Четири деца упатени во воспитен дом за насилството врз малолетничка во Ѓорче Петров

Четири малолетни лица добија заводска воспитна мерка – упатување во воспитен дом, по случајот со насилството врз малолетничка во скопската населба Ѓорче Петров. Првостепената судска постапка е завршена, а мерките се разликуваат во зависност од малолетното лице.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека на две деца им е изречена мерка упатување во воспитен дом во траење од една година, додека за другите две мерката изнесува осум месеци.

Од Судот појаснуваат дека, со оглед на тоа што станува збор за малолетници и постапка од доверлив карактер, не можат да споделат повеќе детали за предметот.

Со ова е завршена првостепената постапка за случајот што предизвика реакции во јавноста, а во кој малолетничка беше жртва на насилство во Ѓорче Петров.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни