Релативно топлото време ќе се задржи до крајот на работната недела, но веќе од викендот се очекува пад на температурите поради продор на постудена воздушна маса од север. Во меѓувреме, времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според прогнозата, дождот ќе биде со слаб до умерен интензитет, а во одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла.
Утре и во петок ќе преовладува релативно топло време, со температури значително повисоки од просечните за овој период од годината.
Особено ветровито ќе биде во петок, кога се очекува засилен до силен ветер од јужен правец. На одделни места брзината на ветерот ќе надминува 80 километри на час.
Промена на временските услови се очекува од сабота, кога со продорот на постуден воздух од север ќе започне опаѓање на температурите.