Македонија

Силен ветер со брзина над 80 километри на час – од сабота нагло заладување и пад на температурите

Силен ветер со брзина над 80 километри на час – од сабота нагло заладување и пад на температурите

Променливо облачно време со утринска магла во одделни котлини и умерен до повремено засилен јужен ветер се очекува во текот на денот. Во делови од земјата ќе има и повремени сончеви периоди.

Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време, а во одредени делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.

Во петок се очекува релативно топло време, со температури значително повисоки од просечните за овој период од годината. Истовремено, ќе дува засилен до силен јужен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 80 километри на час.

Сепак, топлото време нема да трае долго. Веќе од сабота, под влијание на постудена воздушна маса од север, се очекува заладување и постепен пад на дневните температури.

Метеоролозите најавуваат дека променливото време ќе продолжи и во наредниот период, со услови за утринска магла и повремени локални врнежи од дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни