Балкан

Крвава пресметка во Будва: Едно лице убиено во пукање, полицијата приведе осомничен и пронајде два пиштола

Крвава пресметка во Будва: Едно лице убиено во пукање, полицијата приведе осомничен и пронајде два пиштола

Едно лице го загуби животот во вооружен инцидент што се случи вечерва во црногорскиот град Будва. Полицијата по интензивна потера приведе едно лице, а на местото на настанот пронајдени се два пиштола и други докази кои би можеле да помогнат во расветлувањето на случајот.

Според соопштението на Управата на полицијата на Црна Гора, пукањето било пријавено околу 21:10 часот во дежурната служба на Одделението за безбедност во Будва.

Полициските екипи веднаш излегле на терен, каде што констатирале дека едно лице е починато. По инцидентот биле поставени полициски блокади на повеќе патни правци, а започнала и потрага по лицата поврзани со пукањето.

Во текот на полициската акција било лоцирано и приведено едно лице, додека при увидот биле пронајдени два пиштола и други материјални траги кои ќе бидат предмет на понатамошно вештачење.

Според првичните информации, во вооружениот инцидент биле вмешани странски државјани. Црногорските медиуми објавуваат дека меѓу учесниците имало и турски државјани, но нивниот идентитет и точната улога во настанот засега не се официјално потврдени.

За случајот е известено Вишото државно обвинителство во Подгорица, кое раководи со истрагата.

Надлежните институции продолжуваат со утврдување на околностите и мотивите за вооружената пресметка, како и со идентификација на сите лица кои евентуално учествувале во инцидентот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни