Силно јужно воздушно струење ќе донесе засилен ветер во земјава, кој повремено ќе достигнува брзина и над 80 километри на час. Истовремено, температурите ќе бидат значително повисоки од просечните за овој период од годината, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според најавата на УХМР, под влијание на јужното воздушно струење утре се очекува засилен јужен ветер, кој на одредени места повремено ќе дува со брзина над 80 километри на час.
И во Скопје ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а температурите ќе бидат значително над просекот за средината на ноември.
Од УХМР посочуваат дека временските услови ќе бидат под влијание на јужното струење, кое ќе придонесе за потопло време од вообичаеното за овој период од годината.