Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски за Алта банка: Непромислена одлука на монетарните власти беше да дозволат влез на банка со таков рејтинг во Македонија

Лазовски за Алта банка: Непромислена одлука на монетарните власти беше да дозволат влез на банка со таков рејтинг во Македонија

Економскиот аналитичар Славко Лазовски упати остри критики кон монетарните власти во Македонија поради дозволата за влез на „Алта банка“ на домашниот банкарски пазар, оценувајќи дека станува збор за непромислена одлука, чии последици сега можат да се одразат врз граѓаните и државниот буџет.

Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Лазовски посочи дека македонските финансиски и монетарни институции имаат ограничен простор за дејствување, бидејќи, според неговото толкување, понатамошниот развој на состојбата со банката ќе зависи од стечајната постапка во Србија.

„Монетарните и финансиските власти во Македонија немаат голем избор. Сè зависи од тоа како ќе се одвива стечајната постапка во Република Србија“, изјави Лазовски.

Тој смета дека надлежните институции требало многу повнимателно да ги проценат ризиците пред да дозволат влез на банка со таков финансиски рејтинг на македонскиот пазар.

„Тоа беше непромислена одлука на монетарните власти, да се дозволи влегување на таква банка, со таков рејтинг, во Република Македонија“, нагласи Лазовски.

Според него, дополнителен проблем претставува начинот на кој институциите пристапиле кон ограничувањето на банкарските трансакции. Тој оцени дека приоритет требало да имаат граѓаните, наместо правните лица.

Лазовски предупреди дека доколку се реализираат најавите за заштита на депонентите преку државни средства, финансискиот товар би можел да падне врз сите даночни обврзници.

Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој порача дека случајот отвора сериозни прашања за одговорноста на монетарните власти, проценката на банкарските ризици и заштитата на јавните финансии.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни