Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски предупредува: Граѓаните може да ја платат цената за „Алта банка“ преку државниот буџет

Лазовски предупредува: Граѓаните може да ја платат цената за „Алта банка“ преку државниот буџет

Трошоците за евентуалното обесштетување на штедачите во „Алта банка“ би можеле да паднат врз товар на државниот буџет, а со тоа и врз сите граѓани на Македонија. На вакво сценарио предупреди економскиот аналитичар Славко Лазовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, силните политички најави за заштита на депонентите отвораат прашање кој на крајот ќе ги плати финансиските последици од состојбата во банката.

„Јас верувам дека Владата ќе остане доследна на тоа дека ќе ги заштити депонентите, штедачите во битолската банка, на тој начин што товарот на исплатите ќе падне на товар на буџетот на Република Македонија“, изјави Лазовски.

Тој смета дека не е исклучено дел од штедачите да добијат и поголеми износи од депонираните средства, доколку властите одлучат да преземат дополнителни мерки за обесштетување.

Сепак, предупредува дека таквиот пристап би значел префрлање на финансискиот товар врз граѓаните кои немаат никаква поврзаност со банката.

„Во тоа е проблемот. Дали товарот ќе го поднесат штедачите, депонентите, физичките и правните лица, или тоа ќе падне на грбот на сите граѓани на Република Македонија“, истакна Лазовски.

Според аналитичарот, јавните заложби за заштита на штедачите би можеле да имаат и политичка заднина, односно да бидат насочени кон намалување на политичките последици од банкарскиот случај.

Тој нагласи дека одлуките за евентуално обесштетување мора да се разгледуваат и од аспект на нивното влијание врз јавните финансии.

Лазовски оцени дека клучното прашање не е само дали депонентите ќе бидат заштитени, туку и кој ќе ја плати цената за таа заштита.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни