Балкан

Снегот и силниот ветер ја парализираа Хрватска – затворени автопати, возила заглавени во снег

Снегот и силниот ветер ја парализираа Хрватска – затворени автопати, возила заглавени во снег

Силните снежни врнежи и бурниот ветер предизвикаа големи проблеми во патниот и поморскиот сообраќај во Хрватска. Затворени се делови од автопатиштата, бројни возила останаа заглавени во снегот, а прекинати се и повеќе траектни и катамарански линии.

На автопатот А6, кај Делнице, се формирале долги колони возила, а според сведоштвата на возачите, дел од нив со часови стоеле во место. Дополнителен проблем создаваат камиони без соодветна зимска опрема, кои го попречуваат поминувањето на возилата за чистење снег.

Поради силниот ветер, целосно е затворен делот од автопатот А1 меѓу Свети Рок и Поседарје, како и делови од Јадранската магистрала. Ограничувања има и на автопатот А7, додека на одредени делници од А6 сообраќајот е дозволен само за патнички автомобили.

Силната бура предизвика прекини и во поморскиот сообраќај, при што повеќе траекти, катамарани и бродови не сообраќаат.

Хрватскиот автоклуб предупредува на лизгави коловози, можност за голомразица и одрони, а возачите се повикуваат да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема и да ја приспособат брзината на условите на патиштата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни