Македонија

Малолетник заклучил 12-годишни девојчиња во автомобил во Сарај, таму останале до утрото

Малолетник заклучил 12-годишни девојчиња во автомобил во Сарај, таму останале до утрото
Фото: 4news.mk

На 13.11.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје,  А.Р.(38) од Скопје пријавила дека на 12.11.2026 околу 18:00 часот од семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар се оддалечила нејзината 12-годишна ќерка.

Подоцна, таа пријавила дека ќерка и се вратила на 13.11.2026 во 07:40 часот во домот.

Според пријавеното, нејзината малолетна ќерка и нејзина малолетна другарка се сретнале со неколку малолетници во парк Сарај, а потоа против своја волја била заклучена во патничко возило од еден малолетник, кој заедно со неа и нејзината другарка останал во возилото до следното утро.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни