Авиони на НАТО за рано предупредување и контрола AWACS извршуваат летови над Бугарија, следејќи ги активностите во воздухот и на море и поддржувајќи ги мисиите на бугарските борбени авиони, објави бТВ.
Алијансата ја претстави активноста преку објава на социјалните мрежи, придружена со фотографии од своите сили за воздушно набљудување.
Од НАТО нагласуваат дека заедничкото дејствување им овозможува на сојузниците навреме да ги препознаваат потенцијалните закани и брзо да реагираат за заштита на воздушниот простор.
Во објавата не се наведува конкретен инцидент или непосредна закана што ги предизвикала летовите.