Македонија

Македонија ја надмина целта од еден милион туристи, Мицкоски задоволен од растот

Македонија ја надмина целта од еден милион туристи, Мицкоски задоволен од растот

Повеќе од 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања се регистрирани во Македонија заклучно со септември годинава, со што земјава е на пат да ги надмине годишните проекции на Владата во туристичкиот сектор.

Премиерот Христијан Мицкоски ги оцени како охрабрувачки последните податоци на Државниот завод за статистика, посочувајќи дека туристичкиот сектор бележи раст од над шест проценти.

„Ние веќе, заклучно со септември, во третиот квартал, споредено со третиот квартал минатата година, имаме 35.000 туристи повеќе и 110.000 ноќевања повеќе, што е добро. Тоа е повеќе од шест отсто раст и по една и по друга основа“, изјави Мицкоски.

Премиерот упати критики и до опозицијата, оценувајќи дека позитивните економски показатели не одат во прилог на нејзините очекувања.

„И повторно, ова е лоша вест за опозицијата. Тие би сакале да назадуваме, но, за нивна жал, а за добро на граѓаните, одиме напред“, додаде Мицкоски.

Изјавата ја даде по увидот во градежните активности за подобрување на системот за водоснабдување во населбата Каменик, во општина Кисела Вода.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни