Македонија

Возеле без дозвола, пијани и со забрана – полицијата приведе 11 возачи

Возеле без дозвола, пијани и со забрана – полицијата приведе 11 возачи
Фото: 4news.mk

Во изминатото деноноќие полицијата спроведе акции на повеќе локации низ државата, при што од слобода беа лишени 11 возачи поради несовесно и опасно управување со моторни возила. Меѓу нив има лица кои возеле без положен возачки испит, под дејство на алкохол, но и покрај изречена забрана за управување.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, петмина од приведените управувале возило без да поседуваат положен возачки испит. Станува збор за С.А. (63), М.М. (20) од тетовското село Лисец, Е.Д. (28) од Штип, Ф.А. (62) од Радовиш и С.М. (36) од селото Ораовица, радовишко.

Последниот, покрај тоа што немал положено возачки испит, управувал и нерегистрирано возило, а бил и под дејство на алкохол.

Тројца возачи биле затекнати зад воланот во алкохолизирана состојба. Тоа се В.М. (38) од Прилеп, Р.Г. (56) од скопското село Инџиково и Б.П. (44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата лишила од слобода и двајца возачи кои управувале возило и покрај активната забрана за тоа. Станува збор за А.Б. (25) од делчевското село Вирче и Љ.Д. (56) од Струга.

Дополнително, Р.В. (34) од Радовиш бил приведен бидејќи управувал патничко возило со брзина над дозволената.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни кривични пријави.

Од полицијата повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит, под дејство на алкохол или доколку имаат активна забрана за управување.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни