Македонија

Мицкоски со осуда за нападот во Охрид: Ќе направиме сè за случајот да добие правна разрешница

Мицкоски со осуда за нападот во Охрид: Ќе направиме сè за случајот да добие правна разрешница

Случајот со бруталниот напад врз младата девојка во Охрид предизвика реакции и на највисоко државно ниво. Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска престојува во Брисел, порача дека институциите ќе ги преземат сите потребни чекори лицето одговорно за нападот да биде изведено пред правдата.

Мицкоски во обраќање на социјалните мрежи посочи дека имал намера да ги информира граѓаните за работните состаноци и активностите што ги имал во Белгија, но дека веста за претепувањето на девојката го променила текот на неговото обраќање.

Тој изрази жалење за настанот и остро го осуди насилството, оценувајќи дека инцидентот ги потресол Охриѓани, но и пошироката јавност во земјава.

Премиерот упати поддршка до семејството на девојката, нагласувајќи дека како човек и родител чувствува потреба да застане зад нив во овие тешки моменти.

Воедно, порача дека Владата и институциите ќе направат сè што е во нивна надлежност за лицето кое го извршило нападот да одговара пред правдата.

„Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото кое што се случува“, порача Мицкоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни