Водата од градскиот водовод во Струга не е безбедна за пиење поради зголемена заматеност, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.
Последните мерења покажале дека заматеноста на водата на мерните места во градот се движи од 1,52 до 1,8 НТУ, што е над максимално дозволената граница од 1,5 НТУ.
Кај изворот „Шум“, пак, измерена е заматеност од 0,89 НТУ.
Од претпријатието информираат дека водата може да се користи исклучиво за техничка употреба.