Македонскиот фудбал повторно тагува. На 46-годишна возраст почина поранешниот македонски репрезентативец Владимир Секуловски, кој остави значајна трага на домашната фудбалска сцена.
Роден во 1980 година, Секуловски во текот на својата кариера го носеше дресот на повеќе македонски клубови, меѓу кои Вардар, Тетекс, Слога Југомагнат и Работнички.
Зад себе остави богата спортска кариера, исполнета со шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија. Посебен белег остави во Тетово, како дел од фудбалската историја на Тетекс.
Веста за неговата смрт пристигнува само два дена по смртта на Агрон Мемеди, со што тетовската спортска јавност се соочува со уште една голема загуба.
За само два дена, градот под Шара загуби две имиња кои оставија белег во македонскиот фудбал.