Македонија

Јаневска: Затворени 33 училишта поради недостиг од првачиња, ниту еден наставник не останал без работа

Јаневска: Затворени 33 училишта поради недостиг од првачиња, ниту еден наставник не останал без работа

Оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето едносменска настава имаат цел да го подобрат квалитетот на образованието, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на пратенички прашања од Димитар Ковачевски од СДСМ.

Според Јаневска, реформите се спроведуваат со поддршка од УНИЦЕФ, врз основа на анализи за бројот на паралелки, наставниот кадар и потребата од поефикасна организација на наставата.

Министерката потврди дека се затворени околу 33 училишта поради недостиг од првачиња, но нагласи дека ниту еден наставник не останал без работа. Таа најави дека нема да има нови трансформации на работните односи и вработувања, освен таму каде што постои реална потреба.

Јаневска објасни дека префрлањето на учениците од помали во поголеми училишта овозможува подобра социјализација, поголема меѓусебна комуникација и развивање нови вештини. Како позитивен пример го посочи училиштето во Долни Балван, каде учениците продолжиле со настава во поголемо училиште во соседно село.

Таа нагласи дека ефектите од реформите ќе се анализираат по завршувањето на учебната година, додека вистинските резултати во квалитетот на образованието се очекуваат во наредните осум до десет години.

Според министерката, приоритет на Владата останува создавањето образовен систем кој ќе им овозможи на учениците подобри знаења, вештини и компетенции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни