Македонија

Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа

Николоски: Од 1 јануари само државата ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата останува на определбата за ограничување на игрите на среќа, а од 1 јануари државата, преку Државна лотарија, ќе биде единствениот организатор на онлајн коцкањето и видеолотариските терминали. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на пратеничко прашање од Јована Мојсоска од Левица.

Николоски посочи дека со законските измени се воведуваат построги правила за рекламирање, ограничувања на локациите за организирање игри на среќа и повисоки давачки за приредувачите.

Тој потсети дека по формирањето на актуелната Влада биле укинати лиценците на три компании за онлајн игри на среќа, како и платформата „ТуВин“. Воедно, нагласи дека се води судска постапка против Артан Груби, Перпарим Бајрами и други обвинети, за која очекува ефикасна разрешница.

Осврнувајќи се на состојбите во секторот, Николоски повика на засилена контрола за спречување нелегално коцкање, како и на постапување на Обвинителството, Финансиската полиција и Финансиското разузнавање по наводите за можни неправилности.

Во своето обраќање тој постави и прашања за евентуална поврзаност меѓу претходни политички одлуки за Законот за игрите на среќа и одредени градежни инвестиции, барајќи надлежните да ги испитаат сомнежите.

Пратеничката Мојсоска, пак, ја обвини Владата дека не го исполнила ветувањето за затворање на платформата „Мегавин“ и побара одговори за работењето на Државна лотарија и договорите со бугарската компанија „МДД Софт“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни