Во живо Live емисија Гледај
Македонија

„Изгубивме 63 животи, уништена е цела генерација“ – потресно сведоштво на татко кој го загуби детето во „Пулс“

„Изгубивме 63 животи, уништена е цела генерација“ – потресно сведоштво на татко кој го загуби детето во „Пулс“

„Млади деца кои требаше да ја градат иднината на државата, деца од чесни и воспитани семејства, денес ги нема. Уништена е една цела генерација.“ Со овие потресни зборови Александар Наунов, татко на загинато дете во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ја опиша болката на семејствата во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Наунов изрази разочарување од однесувањето на обвинетите во судскиот процес, посочувајќи дека иако на почетокот изразувале сочувство, нивните постапки за време на рочиштата, според него, покажуваат поинаква слика.

Тој смета дека финансиските интереси и обидите за избегнување одговорност се ставаат пред човечките животи, нагласувајќи дека родителите добро знаат зошто обвинетите се на обвинителната клупа.

„Тие деца требаше да ја кренат државата нагоре. Сите беа воспитани, од примерни семејства. И на крајот се случи катастрофа во која се уништи една цела генерација“, истакна Наунов.

Тој потсети на трагичните последици од пожарот, наведувајќи дека загинале 63 лица, а 218 биле повредени, од кои дел сè уште се лекуваат, одат на рехабилитација и се подложуваат на операции.

„Нема семејство во Кочани кое на некаков начин не е погодено, директно или индиректно, од оваа трагедија“, порача Наунов во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни