Македонија

Ахмети: Криминалците на Балканот соработуваат без етнички граници, но не и политичарите

Ахмети: Криминалците на Балканот соработуваат без етнички граници, но не и политичарите

Потребна е поголема регионална соработка во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, бидејќи криминалните мрежи функционираат без оглед на националните и етничките поделби. Ова го порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната панел-дискусија организирана од Аналитичкиот центар „Абдулаким Адеми“.

Осврнувајќи се на безбедносните предизвици во регионот, Ахмети направи споредба меѓу соработката на криминалните групи и недостигот од заеднички пристап меѓу политичарите и народите на Балканот.

Според него, постои парадокс во регионот – додека криминалците успешно соработуваат без да прават разлика според етничката припадност, политичките елити и општествата сè уште не успеваат да воспостават таква соработка за изградба на посигурна и постабилна иднина.

Ахмети посочи дека опасностите од дрогата и организираниот криминал бараат заеднички пристап и поголема координација, наместо поделби кои го попречуваат напредокот на регионот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Една година од почетокот на судењето за „Пулс“ – кои одговори ги чекаат родителите? | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни