Метеоролошка состојба со засилен ветер се очекува во текот на денешниот и утрешниот ден. Управата за хидрометеоролошки работи издаде метеоаларм за 19 и 20 ноември 2026 година поради повремени силни ветрови од југозападен и западен правец.
Според предупредувањето на УХМР, брзината на ветерот на моменти ќе надминува 80 километри на час.
Граѓаните се повикуваат на претпазливост, особено при движење на отворен простор и во услови на засилени налети на ветер.