Македонија

Денеска сончево со умерена облачност: Од понеделник снег на планините, температурите ќе паѓаат

Денеска сончево со умерена облачност: Од понеделник снег на планините, температурите ќе паѓаат
Фото: 4news.mk

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд во утринските часови, а потоа сончеви периоди и засилен ветер. Во наредните денови се очекува постепено заладување, кое од понеделник ќе донесе и снег на планините.

Во утринските и раните претпладневни часови ќе преовладува променлива облачност, со повремени врнежи од дожд, претежно во западните и североисточните делови од земјава.

Во текот на денот облачноста ќе се намалува, па времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува и ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

Во Скопје, рано наутро ќе има услови за слаб дожд, додека во текот на денот се очекуваат сончеви периоди со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во следните денови временските услови ќе бидат променливи, а температурите постепено ќе се намалуваат.

Нови врнежи од дожд се очекуваат во недела и понеделник, кога под влијание на продор на постуден воздух од север ќе настапи поизразено заладување.

Во понеделник попладне, дождот на планините ќе преминува во снег, што ќе означи почеток на постуден временски период.

Од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, но со пониски температури.

Иако врнежите постепено ќе престануваат, студениот воздух ќе се задржи, па следната работна седмица ќе започне со вистинско доцноесенско време.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни