Македонија

Осуденици од затворот „Скопје“ го следеа фудбалскиот натпревар Македонија – Словенија на Националната арена

Осуденици од затворот „Скопје“ го следеа фудбалскиот натпревар Македонија – Словенија на Националната арена

Осудени лица од КПУ Затвор Скопје добија можност во живо да го проследат фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Словенија, одигран на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, во рамки на групната фаза од УЕФА Лигата на нации.

Како што информираат од Управата за извршување на санкции, посетата била организирана како дел од активностите за ресоцијализација на осудените лица, кои на натпреварот присуствувале во придружба на вработени од Секторот за ресоцијализација и припадници на затворската полиција.

Од Управата нагласуваат дека ваквите активности имаат цел да придонесат за полесна реинтеграција на осудените лица во општеството, преку поттикнување позитивни искуства и чувство на припадност.

„Секој човек заслужува нова можност, а секој чекор кон промената има свое значење“, порачуваат од Управата за извршување на санкции.

Оттаму додаваат дека ресоцијализацијата не подразбира само подготовка за живот по издржувањето на затворската казна, туку и враќање на надежта, довербата и вербата дека секој човек има можност за позитивна промена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни