Сончево, но постудено време со мала до умерена облачност се очекува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност и пониски температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во среда утрото ќе биде ведро и студено, со температури под нулата во сите делови од земјата. Во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува, а кон вечерните часови ќе започне период на нестабилно време со повремени врнежи од дожд.
Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните делови, каде што локално може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар.
Во петок врнежите ќе бидат поизразени во јужните и источните делови од земјата, со очекувани количества над 20 литри на квадратен метар.
За време на викендот се најавува дополнително заладување, поради што на одредени места се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Промената на временските услови ќе донесе значително постуден период, со зголемена облачност и повремени врнежи во повеќе делови од државата.