Македонија

Газдата на „Пулс“ тешко обезбедува присуство на неговите сведоци, од 7 најавени само 2 се појавија во судница

Газдата на „Пулс“ тешко обезбедува присуство на неговите сведоци, од 7 најавени само 2 се појавија во судница
Фото: Марио Андоновски / 4NEWS.mk

Повлекувањето двајца сведоци од денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ предизвика реакции во судницата во „Идризово“. Судијката ја предупреди одбраната дека треба да го обезбеди присуството на предложените сведоци, додека дел од родителите дофрлија: „На пазар сме или на судење“.

„Вие да не ги повлечевте, јас со полиција ќе ги донесев, имам право за тоа“, рече судијката Дијана Груевска-Илиевска, реагирајќи на повлекувањето на сведоците.

Таа посочи дека одбраната треба да ги обезбедува своите сведоци, како што тоа го правело и Обвинителството при изведувањето на неговите докази.

Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко објасни дека дел од сведоците не сакаат да се појават во постапката.

„Дел од сведоците не сакаат да се појавуваат во ваква постапка и да сведочат“, наведе одбраната.

За денешното рочиште се предвидени сведочењата на Анастасија Соколова, вработена во „Пулс“, и Бојан Спасовски, угостител од Гевгелија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни