Македонија

Сопствениците на кравите што шетаат слободно низ Крива Паланка добија кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда

Сопствениците на кравите што шетаат слободно низ Крива Паланка добија кривична пријава за нанесување на тешка телесна повреда

Тројца жители на селото Жидилово, татко и неговите две ќерки, се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за тешка телесна повреда, откако на 67-годишна жена од селото Дрење ѝ нанеле повреди при физички напад.

Станува збор за Г.Ѓ. (58), А.Ѓ.М. (23) и А.Ѓ. (31), против кои Одделението за внатрешни работи Крива Паланка поднело кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ според член 131 од Кривичниот законик.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 21 ноември 2026 година, околу 09 часот, во селото Дрење, кривопаланечко.

Додека 67-годишната жена го напасувала својот крупен добиток, пријавените најпрвин започнале вербална расправија со неа, по што физички ја нападнале и ѝ нанеле тешки телесни повреди.

Повредите биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.

Инаку, според информациите поврзани со случајот, пријавените се татко и неговите две ќерки, кои се сопственици на кравите што подолг период слободно се движат низ Крива Паланка и предизвикуваат реакции кај локалното население.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни