Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди западниот дел на Турција.
Според објавените сеизмолошки податоци, земјотресот е регистриран во 16:39 часот по македонско време, на длабочина од 10 километри.
Во следните 14 минути во западниот дел на Турција биле регистрирани уште пет потреси со магнитуда од 2 до 2,8 степени.
Попладнево земјотреси се регистрирани и во Грција со јачина од 3,5 степени и во Албанија со магнитуда од 2,1 степен.
Засега, во достапните податоци нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.