Вечерва на небото може да се забележи впечатлива астрономска појава – ноемвриската супермесечина, позната и како „Месечина на дабарот“.
Месечината изгледа поголема и посјајна од вообичаено, а фотографиите ја доловуваат нејзината убавина и впечатливите детали на површината.

Супермесечината е феномен што се случува кога полната Месечина се наоѓа во близина на најблиската точка до Земјата, позната како перигеј. Во споредба со полна Месечина кога е најоддалечена од Земјата, таа може да изгледа до 14 отсто поголема и 30 отсто посјајна.
Ноемвриската полна Месечина го добила своето име по дабарите, кои во овој период од годината се подготвуваат за зимата и се повлекуваат во своите засолништа.
Според објавените астрономски податоци, полната Месечина денеска го достигна својот максимум во 15:53 часот по македонско време.
Ова е една од највпечатливите полни месечини во 2026 година, а во следните три месеци се очекуваат уште три супермесечини – на 24 декември, 22 јануари и 20 февруари.