Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Богдановиќ откри дека му пишал на Вучиќ по изборите: Му се заблагодарив за сè што направи за Македонија

Богдановиќ откри дека му пишал на Вучиќ по изборите: Му се заблагодарив за сè што направи за Македонија

Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека по изборите во Србија стапил во контакт со Александар Вучиќ, испраќајќи му порака со благодарност за досегашната поддршка.

„Прво му се заблагодарив за сè што направи за нас, пред сè за цела Македонија, за сите отворени врати“, изјави Богдановиќ.

Тој особено ја нагласи поддршката за зачувување на културата, идентитетот и традицијата на Србите во Македонија.

Според Богдановиќ, Вучиќ во изминатите години давал поддршка на српската заедница преку различни проекти, стипендии, младински кампови и културни манифестации, без разлика на политичката припадност.

На прашањето дали добил одговор на пораката, Богдановиќ одговори потврдно.

Тој изрази надеж дека и идната српска влада ќе ја продолжи досегашната практика на соработка и поддршка на српската заедница во Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни