Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Македонија

Надзорната за „Алта банка“ пред завршница – ќе се подготвуваат ли заклучоците?

Надзорната за „Алта банка“ пред завршница – ќе се подготвуваат ли заклучоците?

Во Собранието утре продолжува надзорната расправа за „Алта банка“, а на неа сепак ќе присуствува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, посочи дека дел од поканетите лица сè уште не го потврдиле своето присуство, и покрај повторно испратените покани. Таа нагласи дека тоа нема да го запре процесот, оставајќи ја отворена можноста да започне подготовката на заклучоците.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека надзорната расправа ја исполнила својата цел и дека следниот чекор треба да биде усвојување на заклучоците. Истовремено, ја обвинуваат СДСМ за обиди за политичко поентирање преку создавање страв и паника.

Од Левица најавуваат учество и на утрешната расправа, но изразуваат скептицизам дека процесот ќе резултира со конкретен епилог.

На претходната надзорна расправа пред пратениците одговараа премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни