Српските организации во Македонија добиваат значително помала финансиска поддршка во споредба со онаа што ја добива македонската заедница во Србија, истакна Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според него, македонската заедница во Србија располага со кровна организација чиј буџет надминува 250 илјади евра, додека српските организации во Македонија не добиваат ниту 10 отсто од тој износ.
Богдановиќ посочи дека Србија има воспоставено систем преку кој етничките заедници избираат свои претставници и располагаат со буџет за реализација на активности и унапредување на нивните права.
Тој нагласи дека поддршката од Србија е особено значајна за опстојувањето на српските организации во Македонија и зачувувањето на нивната култура, традиција и идентитет.