Македонија

Студени утра и обилни врнежи од дожд, за викендот се очекува и снег

Студени утра и обилни врнежи од дожд, за викендот се очекува и снег

Времето ќе биде ведро и студено во утринските часови, а во текот на денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови од земјата се очекуваат повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во следните денови утринските температури насекаде ќе се спуштат под нулата, а облачноста постепено ќе се зголемува.

До недела ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

Во четврток ќе дува умерен до засилен североисточен ветер, а за време на викендот, поради дополнителното заладување, се очекуваат врнежи од дожд и снег.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни