Во живо Ноќно студио во живо Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија Гледај
Свет

Хакирана e ЦИА

Хакирана e ЦИА

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање (ODNI) открија дека хакери упаднале во нивната компјутерска мрежа и пристапиле до одредени податоци кои не се класифицирани, пренесува „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на лица запознаени со случајот.

Нападот ја зафатил мрежата што се користи за собирање и анализа на разузнавачки информации од јавно достапни извори, вклучително и интернетот и комерцијалните бази на податоци. Сè уште не е точно познато до какви информации пристапиле хакерите. Постои сомневање дека во нападот можеби се компромитирани и податоци што им припаѓаат на други владини агенции на САД.

Не е познато кој стои зад нападот.

Од Канцеларијата на директорот на националното разузнавање за „Ројтерс“ потврдија дека немало нарушување на критичните системи или на системите што содржат класифицирани информации. ЦИА не одговори веднаш на барањето за коментар.

Извор запознаен со случајот изјави за „Асошиејтед прес“ дека нападот не вклучувал класифицирани податоци и дека безбедносниот пропуст е решен. Во моментов не се знае кој стои зад хакерскиот напад.

Овој инцидент е најновиот во низата безбедносни пропусти што ги погодија компјутерските системи на владините институции во САД. Неодамна беше пријавен безбедносен пропуст и во Министерството за земјоделство на САД.

Ноќно студио

Најнова епизода

🔴 ВО ЖИВО | Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни