Македонија

„Ниту една повеќе“ повикува на протест денеска во 17 часот: „Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат“

„Ниту една повеќе“ повикува на протест денеска во 17 часот: „Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат“

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска организира протестен марш против насилството врз жените и фемицидите. Собирот ќе започне во 17 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените.

Организаторите го најавуваат протестот како одговор на зачестените случаи на семејно насилство и фемициди во земјава и повикуваат на масовно учество.

„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Се среќаваме на единственото место каде прави смисол да бидеме заедно, на улица, во протестна борба за женските животи“, порачуваат од иницијативата.

Во повикот ги охрабруваат граѓаните да им се придружат со своите пријатели, семејства, колеги и соседи.

Од учесниците се бара да понесат свирчиња, батериски ламби и грутка земја. На крајот од протестот е најавена перформативна акција што ја подготвува културно-уметничка група активистки.

„На протестот ќе валкаме раце“, наведуваат организаторите во повикот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Саша Богдановиќ за Српската демократска лига и изборите во Србија | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни