Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Дали Венко Филипче ја прифаќа фрлената ракавица од Мицкоски за предвремени парламентарни избори?

Дали Венко Филипче ја прифаќа фрлената ракавица од Мицкоски за предвремени парламентарни избори?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во „Ноќно студио“ на 4ТВ ја оспори искреноста на повикот на премиерот Христијан Мицкоски за предвремени избори. Тој порача дека власта има парламентарно мнозинство и дека за таквата одлука не ѝ е потребна согласност од опозицијата.

„Зошто бара легитимитет Христијан од опозицијата и од мене за избори? Има две третини во парламентот. Нека распише избори“, рече Филипче.

На прашањето дали СДСМ сака избори сега или очекува Владата да го заврши мандатот, Филипче оцени дека власта всушност не сака предвремено гласање. Според неговите процени, изборите ќе се одржат во 2028 година.

Тој ја обвини Владата дека буџетот го приспособува на партиски интереси и тендери, наместо на зголемување на платите, подобрување на животниот стандард и европска интеграција.

„Избори ќе има кога ќе снема пари за партиски тендери“, изјави Филипче.

Според него, повикот до опозицијата да се изјасни за избори е противречен со односот на власта кон другите барања на СДСМ. Како примери ги наведе зголемувањето на минималната плата, противењето на начинот на укинување на техничката влада и забелешките за изборните правила.

„Ние бараме зголемување на минималната плата. Зошто не ја зголемуваат? Сакаат од нас да слушнат барање за избори“, рече тој.

Филипче изрази противење и на можноста за електронско или поштенско гласање на дијаспората, тврдејќи дека преку таквите решенија би можеле да се создадат услови за изборни злоупотреби.

Тој го повика Мицкоски да одговори и за претходните политички ветувања поврзани со името на државата, Преспанскиот договор и договорот со Бугарија.

„Има луѓе што чекаат да го врати името, на пример“, рече Филипче, обвинувајќи го премиерот дека ги променил пораките со кои ја барал довербата од граѓаните.

Лидерот на СДСМ повтори дека, според него, задолжувањето за тековни трошоци ќе остави долгорочни последици врз државните финансии, додека повиците за предвремени избори ги оцени како „лицемерие и демагогија“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со претседателот на СДСМ Венко Филипче

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни