Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Балкан

Голема измама во Грција: Со фиктивни сметки за сместување ја оштетиле државата за над 12,6 милиони евра

Голема измама во Грција: Со фиктивни сметки за сместување ја оштетиле државата за над 12,6 милиони евра

Грчките власти открија две криминални групи кои преку издавање фиктивни сметки за сместување на полицајци, војници и други државни службеници го оштетиле државниот буџет за повеќе од 12,6 милиони евра.

Во рамки на полициската акција се уапсени 21 лице, меѓу кои четворица полицајци, припадник на крајбрежната служба и двајца припадници на вооружените сили.

Според грчкото Министерство за заштита на граѓаните, двете криминални групи дејствувале независно една од друга, обезбедувајќи фиктивни фактури за сместување на службеници кои биле испраќани на службени патувања низ земјата.

Службениците ги доставувале сметките до институциите во кои работеле и добивале паричен надомест за ноќевање, иако воопшто не престојувале во наведените објекти.

За потребите на измамата биле изнајмени повеќе од 173 станови низ Грција, од кои дел немале ниту електрична енергија ниту водоснабдување. Во еден стан со површина од само 44 квадратни метри, според издадените документи, истовремено биле сместени дури 23 лица.

Истрагата покажала дека најмалку 1.309 полицајци, пожарникари, војници, припадници на крајбрежната служба и други државни службеници користеле фиктивни фактури, со што на државата ѝ била нанесена штета од најмалку 12.674.600 евра.

Координираната полициска акција била спроведена на 24 ноември во Атика, регионот на Јанина и на островот Лезбос, при што биле уапсени и двајцата главни организатори на криминалните групи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни