Во живо Ноќно студио во живо Венко Филипче Гледај
Македонија

Николоски: Независното и стручно вештачење е еден од клучните столбови на правосудниот систем

Николоски: Независното и стручно вештачење е еден од клучните столбови на правосудниот систем

Зад секоја правилно донесена судска одлука стои сложен процес на утврдување на фактите, анализа на доказите и примена на стручни знаења, поради што вештачењето има исклучително значајна улога во остварувањето на правдата, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на конференцијата на Комората на вештаци во Гевгелија.

Тој ја нагласи важноста на професионалноста, објективноста и интегритетот на вештаците, посочувајќи дека нивниот придонес во функционирањето на правосудниот систем е голем, иако не секогаш е доволно видлив во јавноста.

„Секој напишан збор значи, се мери и има свое влијание“, нагласи Николоски, додавајќи дека вештачењето не е само професионална задача, туку и голема општествена и правна одговорност.

Според него, со зголемувањето на сложеноста на правните и општествените односи расте и потребата од квалитетно, независно и стручно вештачење.

Николоски најави натамошна владина поддршка за организациско зајакнување на Комората и унапредување на професионалните стандарди.

„Независноста на судската власт треба да се разбира не како изолирана од другите институции, туку гаранција за едно непристрасно и објективно одлучување“, потенцира вицепремиерот.

Тој изрази задоволство од зголемувањето на бројот на вештаци и очекување дека во наредниот период ќе бидат постигнати уште подобри резултати во оваа област.

На конференцијата се обратија и претседателот на Комората на вештаци, Виктор Камнар, и заменик-министерот за правда, Ален Деребан.

Во фокусот на конференцијата се унапредувањето на професионалните стандарди, актуелните прашања во областа на вештачењето и предизвиците со кои се соочуваат вештаците во правосудниот систем.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни