Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи: Власта се плаши од студентите и затоа организира напади врз студентските организации

Ходаи: Власта се плаши од студентите и затоа организира напади врз студентските организации

Владата и дел од пратениците стравуваат од студентскиот активизам, смета Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.

Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој обвини дека во изминатиот период се води организирана кампања против студентите и организациите кои ја критикуваат работата на институциите.

„Таков впечаток имам јас за Владата и за еден дел од пратениците, поради тоа што гледаме овој период колку се организирани да ги нападнат студентските организации, да ги нападнат студентите што критикуваат“, изјави Ходаи.

Тој ги поврза нападите со случувањата во соседна Србија.

„Можеби научија нешто и почнаа да ги напаѓаат студентите, мислејќи дека тие ќе се уплашат и нема да бараат нивните права да бидат почитувани“, додаде Ходаи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни