Форумот за образовни промени ја очекува одлуката на Управниот суд по поднесената тужба против Министерството за образование и наука, по што ќе одлучи за натамошните активности.
Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ истакна дека студентите се уморни од постојаното укажување на институциите дека треба да ги почитуваат законите.
„Ние чекаме сега од Управниот суд да видиме каква одлука ќе донесе“, рече Ходаи, додавајќи дека од судската одлука ќе зависат следните чекори на организацијата.
Тој нагласи дека нападите врз студентските организации нема да ги обесхрабрат младите да бараат почитување на нивните права.