Breaking Процес Брдо-Бриони во Охрид
Македонија

Ходаи ги обвини и поранешната и актуелната власт: Со години се прекршува Законот за студентски оброк

Ходаи ги обвини и поранешната и актуелната власт: Со години се прекршува Законот за студентски оброк

Ниту претходната ниту актуелната власт не ја почитувале законската обврска за усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, обвини Бленди Ходаи во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Тој потсети дека зголемувањето на студентскиот оброк од 120 на 140 денари во 2023 година било резултат на компромис меѓу студентските претставници и тогашната власт, со услов во законот да се предвиди редовно годишно усогласување.

„Не е прашање дали сакаш или не. Треба да го почитуваш законот, како што е предвидено во законот. За жал, институциите го прекршуваат законот од 2023 година“, изјави Ходаи.

Тој упати критики и кон двете влади.

„Почна и тогашната влада да не го покачува за 2024 година. Во 2024 година имавме избори, нова власт, истото го направи, не го почитуваше законот“, додаде тој.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни