Во живо Ноќно студио во живо Бленди Ходаи Гледај
Македонија

Ходаи: Државата им должи околу три милиони евра на 30.000 студенти поради неусогласениот студентски оброк

Ходаи: Државата им должи околу три милиони евра на 30.000 студенти поради неусогласениот студентски оброк

Околу три милиони евра им должи државата на студентите поради неусогласувањето на висината на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, тврди Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, околу 30.000 активни корисници на мерката се финансиски оштетени поради непочитувањето на законската обврска за усогласување на износот со растот на животните трошоци.

„Денеска, на 30.000 студенти што се активни корисници на студентскиот оброк, Владата, односно државата во овој случај, им должи околу три милиони евра“, изјави Ходаи.

Форумот за образовни промени веќе поднесе тужба против Министерството за образование и наука, со која бара ретроактивна исплата на разликата за шестмина студенти, членови на организацијата.

Според пресметките на Форумот, секој од шестмината студенти треба да добие околу 150 евра, односно средства што, како што тврдат, законски им следувале, но не им биле исплатени.

„Тоа е разликата пресметана од она што им следувало и што не го добиле. Околу 150 евра, тоа ние го бараме“, посочи Ходаи.

Тој нагласи дека целта на судската постапка не е само финансискиот надоместок за шестмината студенти, туку и создавање судски преседан што би им овозможил на останатите оштетени студенти да побараат ретроактивна исплата на средствата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни