Премиерот Христијан Мицкоски вечерва присуствуваше на неформална вечера со претседателите на државите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, организирана од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
За своето присуство на вечерата, премиерот информираше преку социјалната мрежа Икс.
„Вечерва присуствував на неформална вечера во организација на претседателката, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, со претседателите на државите, учесници во Процесот Брдо-Бриони“, напиша Мицкоски.
Процесот Брдо-Бриони претставува регионална иницијатива насочена кон зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан, унапредување на политичкиот дијалог и забрзување на европската интеграција на регионот.