Македонија

Двајца ученици нападнале соученик во основно училиште во Аеродром, трет снимал со телефон

Двајца ученици нападнале соученик во основно училиште во Аеродром, трет снимал со телефон

Насилство меѓу ученици повторно е пријавено во скопските училишта. Малолетник бил нападнат од двајца свои соученици во основно училиште во општина Аеродром, додека трето малолетно лице со мобилен телефон го снимало целиот инцидент.

Според информациите од МВР, нападот се случил на 25 ноември, а случајот бил пријавен вчера во 14:45 часот во СВР Скопје.

Засега не се соопштува што му претходело на инцидентот, ниту дали нападнатиот ученик се здобил со повреди.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни