Македонија

Снегот остави десетици населени места без струја – екипите на терен, патиштата се расчистуваат

Снегот остави десетици населени места без струја – екипите на терен, патиштата се расчистуваат

Снежните врнежи предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места во Македонија, а сообраќајот на дел од патиштата се одвива отежнато во зимски услови.

Според информациите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) до 13:30 часот, најмногу проблеми се регистрирани во Тетовскиот и Гостиварскиот регион, каде што екипите интензивно работат на расчистување на патиштата кон планинските населени места.

Без електрична енергија се Попова Шапка, Лисец, Гајре, Горен и Долен Челопек, Милетино, Камењане, Палчиште и Калник.

Најголем број прекини во снабдувањето со струја има на подрачјето на Гостивар, каде што без електрична енергија се Вруток, Ново Село, Цветково, Церово, Речане, Беловиште, Здуње, Градец, Горна и Долна Бањица, Сушица, Ѓоновица, Куново, Трново, Трница, Врбјане, Сенче, Волковија, Нистрово и Белица.

Во Гостиварскиот регион се очекува патиштата кон повисоките планински населени места да бидат проодни во периодот од 16 до 17 часот.

Во Маврово и Ростуше механизацијата е на терен, а поголемо количество снег има во Мавровскиот дел.

Во Кратовско, пак, во селото Мушково снежната покривка достигнува околу 15 сантиметри, поради што движењето се одвива со теренски возила.

Во Скопскиот, Кумановскиот, Штипскиот, Битолскиот, Струмичкиот, Охридскиот и Велешкиот регион патиштата се проодни, но наместа има остатоци од кашест снег и влажни коловози.

Екипите на „Македонија пат“ и локалните јавни претпријатија продолжуваат со расчистување и посипување на коловозите со сол и ризла.

Засега нема опасност од излевање на реките на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни