Македонија

Дождот и снегот ги мобилизираа службите – ЦУК со апел до граѓаните

Дождот и снегот ги мобилизираа службите – ЦУК со апел до граѓаните

По врнежите од дожд и снег што ја зафатија Македонија, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира работата на надлежните институции и службите на терен за справување со последиците од временските непогоди.

Оперативниот центар 112 е во целосна готовност и континуирано прима повици од граѓани кои се соочуваат со проблеми предизвикани од врнежите.

Пријавите веднаш се проследуваат до надлежните служби, додека преку Дежурниот оперативен центар се координираат интервенциите на терен со цел навремено и ефикасно постапување.

Од ЦУК апелираат до граѓаните кои ќе се соочат со блокирани патишта, проблеми во сообраќајот, поплави или други итни ситуации да се јават на единствениот број за итни повици 112.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни