Македонија

Знамиња на „Голема Албанија“ во Скопје – МВР документира три случаи, ќе следуваат пријави

Знамиња на „Голема Албанија“ во Скопје – МВР документира три случаи, ќе следуваат пријави

На 28.11.2026 во 15:10 часот на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од  Џ.Т. (40) од Скопје на кое имала истакнато две знамиња на Голема Албанија со натпис,,Autochtonous”.

На 28.11.2026 во 15:30 часот на Плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го забележале Ј.А.(21) од с.Драчевица, скопско, кој во раката носел знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous”.

На 28.11.2026 во 21:45 часот на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и ул.„Кузман Шапкарев“ во Скопје, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.И.(21) од с.Сарај, скопско, а на кое имало истакнато знаме на Голема Албанија со натпис ,,Autochtonous”. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни