Македонија

Приведен 30-годишен тетовец – партнерката го пријавила за физичко и психичко малтретирање и ограничување на слободата на движење

Приведен 30-годишен тетовец – партнерката го пријавила за физичко и психичко малтретирање и ограничување на слободата на движење

На 28.11.2026 во 16:35 часот во Клиничкиот центар Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.А.(30) од Тетово.

Претходно, неговата 25-годишна вонбрачна сопруга од тетовско пријавила дека околу 14:00 часот физички ја нападнал додека се возеле во патничко возило, како и дека во изминатиот период физички и психички ја малтретирал и ѝ ја ограничувал слободата на движење.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни