Македонија

„Јас не вредам 100 илјади денари“ – Артан Кастрати револтиран од Министерството за култура

Аплицираше со проект за манифестацијата Нов културен бран 2019 и побара 600 илјади денари за концертот “20 години со песните на Леонора Пољоска и Артан Кастрати“, но Министерството издвои само 100 илјади денари. Оваа сума го изреволтира музичарот Артан Кастрати.

За искуството и името, Кастрати вели дека заслужува повеќе од 100 илјади денари пари што според него не се доволни за проектот.

Кастрати бара Министерството да ја разгледа одлука за доделените средства, но шефот на кабинетот на министерот за култура, Фатон Фазлиу вели дека тие што имаат забелешки можат да се жалат.

Фазлиу ги отфрли обвиненијата за влијание при распределбата на проектите. Тој уверува дека Комисијата работела независно и врз оснава на побараните критериуми. Кастрати вели дека  доколку Министерството за култура и понатаму го игнорира, нема ни да се потруди да го оди да ги подигне парите.

Вкупниот буџет за „Нов културен бран“ за оваа година е 20 милион денари, а според списокот, средства со разни суми добиле 154 апликанти.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни